дома Македонија (Видео)ЗЕКИРИ НЕ Е ИЗНЕНАДЕН: Јас не очекував повеќе, знаејќи ја нивната сила...

(Видео)ЗЕКИРИ НЕ Е ИЗНЕНАДЕН: Јас не очекував повеќе, знаејќи ја нивната сила на терен!

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, за телевизијата Клан за прашањето дали очекуваа повеќе од коалиционите партнери, рече дека „некој очекуваше повеќе, јас лично не, знаејќи ја нивната cила на терен“.

Како за пример, тој ја спомена општина Чаир каде што во 2016 година, СДСМ има над 8.000 гласови и дека сега заедно со коалиционите партнери имаат вкупно 8.000 гласови.

„Истото се случи и во Сарај, каде што имаме помалку гласови отколку во 2016 година. Истото се случи и во Студеничани и не зборуваме за општина Арачиново“, рече Зекири додавајќи дека бројките зборуваат, а не тој самиот.

Зекири додаде дека треба да се сретнат со секој граѓанин Албанец без разлика на кој политички субјект припаѓа, да разговараат со нив и конечно да се почне со решавање на пpoблемите на граѓаните.