дома Македонија (Видео)„ИЛИРИДА“, „УЧК, УЧК“, „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ КУ*ВА ГОЛЕМА“: Вака изгледа соживотот во Тетово!

(Видео)„ИЛИРИДА“, „УЧК, УЧК“, „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ КУ*ВА ГОЛЕМА“: Вака изгледа соживотот во Тетово!

По прославата од 30 години постоење на навивачката група „Војводи“ во Тетово, за да не останат покуси со навредливи слогани, повици за тероризам и голема Албанија навивачката група „Балисти“ ги крстосуваше тетовските улици

Скандирањето и не беше проблем, но она што сериозно загрижува е агресивноста на „Балистите“ кои попладнево со шишиња и камњеа нападаа кафуле, кое во Тетово го сметаат за македонско, додека во истото биле присутни и мајки со дечиња.

Полицијата, наместо да ги смири навивачите, се обидела да ги истисне гостите во кафулето, со цел да не можат да возвратат на провокациите.

Тетовчани се жалат дека во последните три дена на улиците на градот се случуваат и физички напади на припадници на навивачката група „Војводи“, а на истите нема соодветна реакција.