дома Социјални Мрежи (Видео)ИМА РАЗЛИКА, НЕЛИ: Додека министрите во културните земји со велосипеди одат на...

(Видео)ИМА РАЗЛИКА, НЕЛИ: Додека министрите во културните земји со велосипеди одат на породување, кај нас со хеликоптер одат во кафани!

Лажната скромност и аспирацијата власта да ја водат по примерот на скандинавските земји беше само маска во предизборието, а вистинското лице на властодршците се почесто се покажува во вистинското светло

Македонија можеби е единствена земја во светот, освен можеби и во земјите од третиот свет во Африка, каде армиски хеликоптер кој троши 400 литри гориво за еден час лет, се користи за приватни прошетки по кафани и винарии.

Граѓаните сеуште ја паметат снимката која ја објави Инфомакс, на која се гледа како армиски хеликоптер МИ-8 слетува во близина на винаријата „Тиквеш“ каде најблиските соработници на Шекеринска беа на ручек.