дома Македонија (Видео)ИСВИРКАНИ ОД НАРОДОТ: Никој од владата не се појави да оддаде почит...

(Видео)ИСВИРКАНИ ОД НАРОДОТ: Никој од владата не се појави да оддаде почит на децата бегалци од Егејска Македонија!

Делегација на СДСМ не се појави на одбележувањето на 70 години од егзодусот на Македонците од Егејска Македонија. Иако поканета да положи цвеќе на споменикот на децата-бегалци во паркот „Жена-борец“, СДСМ не испрати никого да им оддаде почит на загинатите и раселените деца од Егејска Македонија.

Пред споменикот цвеќе положија делегации на ВМРО-ДПМНЕ, како и на ГРОМ на Стефчо Јакимовски. Присутните ја повикаа и делегацијата на СДСМ да положи цвеќе, но откако не дојде никој, почнаа да извикуваат „Уа”.

На собирот беше речено дека се прави паралелна средба, односно посебни средни на децата бегалци од Егејска Македонија под покровителство на Зоран Заев претседател на владата на СДСМ. Со тоа се дава на јасна слика дека претседателот на СДСМ сака да напрви раздор помеѓу сите здруженија и сојузи на Егејците во Македонија, а со тоа да да го подели македонскиот народ околу новопотпишаниот невалиден анти македонски договор со нашиот јужен сосед околу спорот со името Македонија.