дома Македонија (Видео)ИСКЛУЧЕНО УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ: Се собира се поголем број полиција пред домот на...

(Видео)ИСКЛУЧЕНО УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ: Се собира се поголем број полиција пред домот на Ременски – исклучено уличното осветлување!

Во моментов поголема група граѓани протестираат пред куќата на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски во скопско Бардовци. Околку 60 полицајци го обезбедуваат имотот на Ременски пред граѓаните кои го искажуваат своето незадоволство кон пратениците на СДСМ кои што гласаа за донесување на Законот за употреба на јазиците.

Во меѓувреме се собра поголем број полиција, а градоначалникот на општината Стефан Богоев го исклучи уличното осветлување во обид да граѓаните да се разотидат, што резултираше со спротивен ефект.

Демонстрантите останаа, а местото го осветлија со светилките на мобилните телефони и продолжија со скандирање.