дома Русија (Видео)КАЛАШНИКОВ ВЛЕЗЕ И ВО АВТОМОТО ИНДУСТРИЈАТА: Калашников дизајнираше мотор за Путин

(Видео)КАЛАШНИКОВ ВЛЕЗЕ И ВО АВТОМОТО ИНДУСТРИЈАТА: Калашников дизајнираше мотор за Путин

Компанијата Калашников дизајнираше мотор кој, по завршувањето на тестирањето, треба да стане дел од возниот парк што го користи претседателот на Русија најдоцна до 2019 година.

“Ова е прототип, а нашата актуелна цел е да создадеме навистина иновативен производ во согласност со сите безбедносни прописи”, изјави Сергеј Чемезов за новинарите на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург во саботата.

Компанијата исто така размислува за започнување на сериско производство на овој модел.

Додека државната корпорација Ростек го надгледува проектот, нејзиниот главен дизајнер е познатата група Калашњиков, еден од водечките светски производители на оружје, најдобро познат по пушките АК-47 и АК-74.

Моќниот мотор, наречен “Изх”, може да развие брзина до 250 километри на час и ќе тежи 510 килограми.