(Видео)КОЛЕКТИВНАТА МИЗЕРИЈА ВО ЕДНА СНИМКА: Возило на брзата помош со болно дете не може да се пробие низ гужвата на Клинички центар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Возило со болно дете се пробива низ Клиничкиот центар. NO COMMENT. Не казнени поени, за овие поголема казна треба“ – гласи коментарот на видеото објавено на социјалните мрежи на кое може да се види целата мизерија на Македонското општество во неколку минути

 

Се работи за снимка од кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, на која може да се види како возило на Брзата помош кое превезува болно дете од Клиниката за детски болести, а не може да се пробие поради автомобилите кои го блокирале влезот и излезот од клиниката.

И покрај неколкукратните обиди на докторката да воведе ред, повикувајќи ги сопствениците на возилата да ги преместат истите, но и сирените со кои возачот се обидуваше да ги вразуми себичните возачи, сепак мизеријата на свеста и себичноста надвладеа пред чувството за одговорност.

Додека сето ова се случуваше, клиничкото обезбедуање најверојатно пиеше кафе во импровизираните застаклени кутии кои често се користат и како летни кујни за техничкиот персонал на клиниките.

Министерот за здравство пак, иако ветуваше решавање на сообраќајниот хаос во кругот на клиничкиот центар е зафатен со лексички проблеми во процесот на поставување на двојазичните табли на Клиника, а оној за внатрешни работи во моментов има кампања за набавка на опрема. Секако, набавка од овој тип е причина за прослава, па Спасовски и оние кои треба да ја снабдат полицијата се зафатени со частење и немаат време да го средуваат хаосот на Клиника.

Колективната мизерија на нашето општество можете да ја погледнете на следната снимка.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This