дома Политика (Видео)КРИМИНАЛЦИТЕ И КОДОШИТЕ НА ЧЕЛО: Збунетите и прелажаните како во трло позади...

(Видео)КРИМИНАЛЦИТЕ И КОДОШИТЕ НА ЧЕЛО: Збунетите и прелажаните како во трло позади нив!

Најголем револт за дволичната и антидржавна политика на Зоран Заев искажале жителите на Струга и Кичево, кои поради калкулирањето со двојазичноста и македонските национални интереси одбиле да ги послушаат партиските повици и се појавиле пет пати помалку од тоа што го планирала централата. Рамо до рамо со Заев е и Верушевски, првата и единствена одработена задача на Катица Јанева за една година работа со СЈО – слободата на Верушевски.
Во првите редови на маршот беа и заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, новинарот Влатко Васиљ, како и техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, што е класично мешање на партијата и државата

Само 7.000 до 8.000 граѓани се појавија на помпезно најавуваниот и скапо платениот марш на СДСМ/Сорос. Најголемиот дел од нив со полупразни автобуси беа донесени од внатрешноста на држава, а според информациите од теренот во голем број градови, празни автобуси биле откажани и воопшто не тргнале кон Скопје.

Најголем револт за дволичната и антидржавна политика на Зоран Заев искажале жителите на Струга и Кичево кои поради калкулирањето со двојазичноста и македонските национални интереси одбиле да ги послушаат партиските повици и се појавиле пет пати помалку од тоа што го планирала централата.
Впрочем, и тие два автобуси кои тргнале од Струга и Кичево се уверија во албанската иконографија која е во голема мера присутна на собирот организиран од СДСМ/Сорос.
Огромни потфрлања има и во Велес и во останатите градови каде што СДСМ не е на власт, од каде што не тргнаа кон Скопје десетици автобуси.
Најмалку 5.000 од присутните беа донесени од Струмица и Куманово каде што нивната егзистенција зависи токму од функционерите на СДСМ.
Забележливо беше дека веднаш до Зоран Заев колоната ја предводеше Зоран Верушевски, првоосомничениот во аферата “Пуч#, кој преку скајп комуникацијата најавуваше украинско сценарио за Македонија и очекуваше дека благодарение на него по улиците низ државава ќе се леела крв до колена.

Присутните се движеа во две колони по двата коловоза на Партизанска пред СЈО. Едната колона предводена од заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, носеше плакат на кој пишува “Борбата продолжува, а другата колона предводена од Заев соплакат на кој пишува “Гласот победува#.
Рамо до рамо со Заев е и Верушевски, првата и единствена одработена задача на Катица Јанева за една година работа со СЈО – слободата на Верушевски.
Во првите редови на маршот беа и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, новинарот Влатко Васиљ, како и техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, што е класично мешање на партијата и државата.

Пред Собранието на Република Македонија каде што е поставена бината на СДСМ/Сорос, поставени бае високи огради со кои организаторот сакаше да обезбеди вештачка слика за наводна масовност на собирот и да ги оправда истрошените средства.

Репортер:
Борислав Стоилковиќ