Пожарот кој ги зафати делчевските села Драмче, Селник и Киселица остави пустош и катастрофа од невидени размери, поради слабата, а во делови и никаква интервенција на надлежните служби. Сето ова додека Зоран Заев ги забавуваше граѓаните на телевизијата во сопственост на неговиот брат
Катастрофа од невидени размери за само неколку часови остави пекол зад себе – пишуваат жителите од делчевските села.[/kopa_block_quote]
Катастрофата зафати и голем дел од земјоделските површини, стотина хектари шума, куќи, плевни и останат имот на жителите на селата Драмче, Селник и Киселица.
Нешто подоцна, во акцијата за гаснење на пожарот се вклучија и авионите на ДЗС, но реакцијата беше задоцнета, бидејќи силниот ветер веќе го прошири огнот на огромна површина. Благодарение пак на регионалната противпожарна служба беше спречена и поголема катастрофа.
Претходно, очевидци за Курир велат дека глетката е како во хорор филм. Веќе се зафатени куќи, голема количина на шума и трева, а во моментов постои опасност кон сите страни бидејќи пожарот неконтролирано се шири.
-Загрозен е споменикот на културата, црквата „Света Петка“ која постои од 13-ти век. Нападнати се повеќе маала. Огнените јазли се шират на сите страни, граѓаните се во паника. Побаравме помош од Владата, АРМ и ЦУК, но засега нема. Ги молиме нека реагираат, истакна очевидец за Курир.