дома Актуелно (Видео)МИЛОШОСКИ ГО ,,ИЗРЕЗИЛИ“ ЧОМОВСКИ ДИРЕКТНО ВО ЛИЦЕ: Ви изразувам еден протест за...

(Видео)МИЛОШОСКИ ГО ,,ИЗРЕЗИЛИ“ ЧОМОВСКИ ДИРЕКТНО ВО ЛИЦЕ: Ви изразувам еден протест за Вашата изјава дека инсистрањето на концептот македонскиот како единствен службен јазик е фашизоиден

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, вечерва при своето гостување во Топ Тема на Телма лично му изрази негодување на водителот Алексндар Чомовски за неговиот скандалозен став од пред извесно време дека македонскиот јазик бил фашизоиден.

Господине Чомовски, прво еден мој личен став кон Вас, бидејќи вие сте долги години во новинарството, да ви изразам еден протест, едно негодување за вашата изјава од пред извесно време дека инсистрањето на концептот македонскиот како единствен службен јазик е фашизоиден како таков. Господине Чомовски, Македонците и низ историјата и сега ниту биле геноциден народ, ниту имале било какви појави на фашизам, најмалку јазикот, рече Милошоски.