дома Актуелно (Видео)МИЦКОСКИ ГО ПОВИКА НАРОДОТ: Станете Македонци, граѓани на оваа земја, сега е...

(Видео)МИЦКОСКИ ГО ПОВИКА НАРОДОТ: Станете Македонци, граѓани на оваа земја, сега е времето кое пишува историја!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук им порача на сите граѓани на Република Македонија да станат, бидејќи сега е времето кога се испишува историјата.

 

„Стани Македонијо!

Станете Македонци, граѓани на оваа земја, сега е времето кое пишува историја.

Стани Македонијо, со верба, со чест и достоинство.

Твоето име нека се слуша громогласно, и силно. Сега секој еден од вас е потребен, ова е часот, ова е тоа време. Стани Македонија од секој град и село, од секое маало и улица со сета своја сила и убавина. Ние сме тука за тебе.

Запаметете го тоа, и чувајте го тој пркос и непокор всаден во духот на секој Македонец.

Македонија нема друг избор освен победа. Македонија била и ќе биде!

Македонија ќе победи!“, вели Мицкоски во видеото објавено на Фејсбук.