дома Политика (Видео)МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ДУЌАНЏИИТЕ: Работата е катастрофа, дневниот промет е низок!

(Видео)МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ДУЌАНЏИИТЕ: Работата е катастрофа, дневниот промет е низок!

Во рамки на посетата на општина Струмица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посети дуќанџиите и во разговор со нив се информираше за состојбата со нивната работа. Тие не го кријат разочарувањето велејќи дека работата е катастрофа.

-Денеска бев во посета на Струмица. Го посетив дуќанот на Кире. Искусен и повозрасен дуќанџија, со поминати многу години и генерации во Струмица. Имавме искрен разговор. Самиот вели дека последната година е една од најлошите, само да ти го покажам нискиот дневен промет, луѓето немаат пари и не купуваат. Подеднакво се загрижени и за состојбата во која се наоѓа и државата, велат дојде црн живот, нема прогрес. Им реков дека нема откажување и дека ние сме искрата која ќе ја донесе зората, заедно со чесниот народ кој сака и заслужува промени и подобра иднина, објави Мицкоски на Фејсбук.