дома Социјални Мрежи (Видео)НАРОДОТ ИМА ПРАВО: Антонио Милошоски повика на мирен и достоинствен протест на...

(Видео)НАРОДОТ ИМА ПРАВО: Антонио Милошоски повика на мирен и достоинствен протест на кој и тој ќе присуствува

Сакам кратко да кажам неколку работи во врска со утрешниот најавен протест, за 27. февруари. Сметам дека сите граѓани без разлика дали се политички активни, дали се партиски определени или не се имаат право да го искажат своето мислење. Уште и подобро е кога зад одреден протест не стои една или друга политичка партија како организатор. Подобро е граѓаните да го кажат она што го мислат на начин како што и тие самите го замислуваат, особено ако протестот е достоинствен – рече пратеникот Антонио Милошоски во своето видео-обраќање на Фејсбук

 

„Долго време бев вклучен во спорот кој што Грција го има со Р.Македонија, и сум изјавил многу пати, и го имам тоа мислење сеуште, дека Грција на почетокот од државноста на Р.Македонија имаше за цел да ја оспори таа државност, и нашата држава да не постои или да биде составена во некој помал дел од србославија. Но откако видоа дека нашата државност е етаблирана, нивната цел е да се одолговлекува што е можно повеќе развојот на државата, да има што повеќе блокади и доколку мора да постои државата тогаш да се обезличи“ – објаснува Милошоски.

Тој додава дека од личните разговори со неговите колеги, министри за надворешни работи, нивната цел е да се обезличи Македонскиот народ и да се одземе правото на Македонија да се самоидентификува.

Милошоски ги повика Евробирократите да ги прочитаат документите на професорот Роберт Бандетер, а во врска со Уставот на Р.Македонија кој никого не загрозува и е демократски, а најмалку Р.Грција.

Екс-министерот додава и дека во Македонија не секогаш ставот во преговорите не зависел од владите, туку од некои други влијанија.

Тој соопшти дека утре ќе биде присутен на протестот. Повика на мирен и достоинствен протест, инаку ќе биде бесцелно протестирањето.