дома Балкан (Видео)НЕВРЕМЕ ЈА ОДНЕСЕ ХРВАТСКА: Ветер со 176 км на час носел покриви...

(Видео)НЕВРЕМЕ ЈА ОДНЕСЕ ХРВАТСКА: Ветер со 176 км на час носел покриви и корнел дрвја!

Во Сплит ноќеска дувала најсилна бура во историјата на метеоролошките мерења на Марјан. Биле забележани удари од 176 km/h (48,9 m/s), што е и најголема брзина на ветер измерена во Сплит.

Просек на ударите од ветар во тие моменти биле оркански 118 km/h (33 m/s). Бурата на Марјан корнела дрвја како на шега.

Поради орканската бура на јадранското приморје, затворени се за сообраќај тунелот Свети Рок и мостот „Фрањо Туѓман“ кај Дубровник.

Затворен е и автопатот Риека – Загреб и државниот пат Масленица – Затон Обровачки.

За товарни возила затворен е патот Солин – Клис, пренесува Далматински портал. Затворена е и Јадранската магистрала меѓу Нови Винодолски и Сењ, а и Пашкиот мост.