дома Македонија (Видео)НЕДЕЛКОВСКИ ОД ПРОТЕСТОТ НА ВМРО: Го поддржувам секој протест против фaшиcтичкaтa власт...

(Видео)НЕДЕЛКОВСКИ ОД ПРОТЕСТОТ НА ВМРО: Го поддржувам секој протест против фaшиcтичкaтa власт на Зоран Заев!

Вчера пред почетокот на досега нај масовниот протест на ВМРО-ДПМНЕ од последната низа на протести, против како што обвинува опозицијата црнилата кои се случуваат во Македонија, во живо го затекнавме новинарот Миленко Неделковски кој беше таму даде поддршка на протестите организирани од ВМРО. Според него секој еден граѓанин кој се чувствува Македонец и патриот има должност да биде со народот и да се бори како што вели фaшиcтичкaтa власт во Македонија.

-Секој оној што организира било каков протест против оваа фaшиcтичкa власт, против оваа oкупaциja од Џес Бејли преку Зоран Заев на секој протест излегувам да се придружам на својот народ. Без разлика и минатиот февруари и во јуни кога беше и Битола и Охрид и овдека. Овде не само еднаш ова е четврт пат, само еднаш не бев на пат, секогаш доаѓам. Секој човек што се чувствува Македонец, што се чувствува патриот треба да е со народот, јас така си се чуствувам и така доаѓам, вели Неделковски.

Новинарот посочува дека опозициските протести од митинг до митинг зрачат со се поголема енергија, ентузијазам и се се по голем оптимизам дека ќе се сруши како што вели фашcтичкaт власт.

Неделковкси ги коментираше и разните плукачи по најголемата опозициска партија, кои според него се дел од удбашките и полициските структури, импланти и платеници кои според него работат за туѓи интереси.

Целосното мини интервју погледнете го тука: