дома Актуелно (Видео)НЕМА 2/3 МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО: Гласањето за промена на Уставното име презакажано...

(Видео)НЕМА 2/3 МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО: Гласањето за промена на Уставното име презакажано за утре – нема 2/3 мнозинство!

Седницата која требаше да започне во 16.00 часот, со доцнење од повеќе од еден час, започна со гласање на предлог-закон за минерални суровини, но и за испраќање на мировни сили на Македонија во Исламската република Авганистан

Најавеното гласање за уставни измени со кои ќе се промени Уставното име не се случи, иако Зоран Заев од Собраниската говорница им се заблагодари на сите оние кои ветиле дека ќе дадат глас во Собранието.

Заев им се заблагодари на БЕСА, ДУИ, ДПА, одметнатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Панчо Минов кој, според Заев се „вградил“ во уставните измени.

Јавноста ги смета токму овие пратеници, кои добија мандат благодарение на гласовите на граѓаните кои беа против промена на името, како најодговорни за промената на Уставното име. На листата на одметнатите, сега се прилучува и Панчо Минов.

Гласањето е одложено за утре, најверојатно бидејќи владејачкото мнозинство нема обезбедени 2/3 од пратеничките гласови.