дома Социјални Мрежи (Видео)НЕПОКOP: Среде Измир загрме македонско малешевско оро

(Видео)НЕПОКOP: Среде Измир загрме македонско малешевско оро

Македонско оро се заигра среде Турција. Македонците во оваа пријателска држава имаа излбик на патриотизам и носталгичност за своето родно место па ако ништо друго заиграа на „македонски“. Среде Измир имаше македонска свадба се свиреше македонска музика, а Македонците заиграа Малешевско, македонско оро.

Иселениците од Македонија во Турција кои што во 20-тиот век се населиле во градовите Истанбул, Измир, Ајдин, Маниса и други, сеуште ја негуваат македонската музика и култура. Организирани во здруженија и групи, иселениците од Македонија традиционално секоја година организираат забави и собири на кои што се пее македонска песна и се игра македонско оро.

Во градот Измир од 2007 година функционира македонскиот “Сакобенд“ чиј што членови се по потекло од Македонија.