дома Социјални Мрежи (Видео)НЕ ЗНАЕ ДА ЧИТА, СЕ КАНДИДИРАЛ ЗА НОСИТЕЛ: Брука во Струмица –...

(Видео)НЕ ЗНАЕ ДА ЧИТА, СЕ КАНДИДИРАЛ ЗА НОСИТЕЛ: Брука во Струмица – носителот на советничката листа на СДСМ во Струмица не знае да чита

Покрај безидејноста со која СДСМ излезе во оваа кампања за локалните избори, каде имаат празни ветувања за почист воздух, а без никаква идеја како до тоа би дошле, вистинско разочарување, но и смеење кај граѓаните преставуваат нивните кадри, еден од тие примери е и носителот на советничката листа на владеачката партија во Струмица, Марјан Даскаловски.

Вистински хит на социјалните мрежи е видеото каде што тој држи говор на вчерашниот митинг во Струмица, каде може да се примети дека тој не знае да чита.

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека ова не е смешно, туку дека е жално, но сепак низ смеа се коментира дека место да ги намалува часовите во основното и средно образование, би можел да ги зголеми за своите партиски кадри.