дома Свет (Видео)ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ДОНАЛД ТРАМП: Претседателот поминал четири часа...

(Видео)ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ДОНАЛД ТРАМП: Претседателот поминал четири часа во воената болница!

Здравствената состојба на Доналд Трамп е многу добра, рекол неговиот лекар по годишниот преглед во воената болница кој траел четири часа.

„Задоволство ми е што можам да соопштам дека претседателот на САД е со добро здравје и очекувам дека така ќе остане во текот на неговиот мандат па и подолго од тоа“, рекол лекарот Шон Конлеј по прегледот.

Во краткото соопштение, во кое не се наведуваат никакви податоци за тежината, пулсот и крвниот притисок, лекарот додава дека неговиот извештаје во фаза на довршување.

По првиот лекарски преглед пред една година, Рони Џексон, кој тогаш бил лекар во Белата куќа, рекол дека претседателот има одлично здравје и дека нема никакви когнитивни потешкотии.

Тогаш му било само препорачано да внимава на исхраната и да прави одредени вежби за да изгуби 4 до 7 килограми.

„Претседателот признава дека не се придржувал многу до тие препораки“, рекол Хоган Гидлеј, портпарол на Белата куќа.

Американскиот претседател не пие алкохол и не пуши, но е голем потрошувач на Кока Кола и љубител на брза храна.

Претседателот не обврзан да оди на лекарски прегледи и да ги соопштува резултатите во јавност.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=43&v=CIvcRZtFxH8