дома Русија (Видео)ОГАН ЗА НЕПРИЈАТЕЛОТ: По вежбите на Крим, Руската војска одржа проверка на...

(Видео)ОГАН ЗА НЕПРИЈАТЕЛОТ: По вежбите на Крим, Руската војска одржа проверка на моќната руска артилерија!

Само неколку дена по воените вежби на Крим, војската на Русија имаше нова задача. Овој пат артилеријата мораше да покаже за што е способна

Руската артилерија одржа вежба од големи разбери во Оренбурската област, соопшти информативната служба на Централната воена област.

-Вежбите се одржани на полигонот Тотск во близина на Оренбург како дел од годишната артилериска обука на Централната воена област. Учествуваа преку 1.000 воени лица и преку 300 единици воена опрема – се наведува во соопштението.

За време на вежбите се користени ракетни фрлачи Град и Ураган како и Мста-С и Мста-Б хаубици.

Артилериските единици извршија повеќе напади на подвижни мети, командни места и објетки за складирање на муниција на симулиран непријател.

Координацијата на метите е обезбедена преку дронови.