дома Хроника (Видео)ОД МЕСТОТО НА ТРАГЕДИЈАТА: Дечињата биле сами во куќата која изгоре!

(Видео)ОД МЕСТОТО НА ТРАГЕДИЈАТА: Дечињата биле сами во куќата која изгоре!

Страшна трагедија попладнево го потресе Велес. Во пожар кој избил попладнево изгореа три дечиња на една, две и петгодишна возраст. Екипа на ТВ24 е на лице место, на периферијата на Велес, под ридот Вршник.

Според информациите на соседите и на пожарникарите кои први пристигнале на местото на трагедијата, трите јагленисани тела на децата биле пронајдени прегрнати, во трошната импровизирана куќа.

Се уште е нејасно како дошло до пожарот, само се знае дека децата биле сами во куќата кога избувнал пожарот.

Пожарот го забележале соседите кои се одалечени на околу 100 метри од куќата, ги повикале пожарникарите и полицијата.