дома Свет (Видео)ОПАСНА СРЕДБА НА НЕБОТО: Пентагон објави снимка од пресретнувањето на нивниот воен...

(Видео)ОПАСНА СРЕДБА НА НЕБОТО: Пентагон објави снимка од пресретнувањето на нивниот воен авион од страна на руски ловец СУ-27!

Пентагон објави снимка на која руски ловец СУ-27 над Црното Море пресретнува авион за радио-електронско извидување ЕП-3Е „Аријес II“ на американската авијација

Министерството за обрана на Русија вчера соопшти дека дежурните средства за контрола на воздушниот простор над неутралните води на Црното море откриле непозната воздушна цел, која се приближувала кон границата на воздушниот простор на Русија.

Министерството додава дека ловецот го прател американскиот авион „не дозволувајќи му да ја наруши границата на воздушниот простор на Русија почитувајќи ги сите неопходни мерки за безбедност“.