дома Македонија (Видео)ПИЈАН, ВО ЖИВО НА ТЕЛЕВИЗИЈА ПЕЕ: Советникот на нелегалниот премиер Зоран Заев,...

(Видео)ПИЈАН, ВО ЖИВО НА ТЕЛЕВИЗИЈА ПЕЕ: Советникот на нелегалниот премиер Зоран Заев, пијан во емисија во живо пее „Ово је човек неки што ми узе све…“

По недостатокот на доволно квалитетни клептомани во државата, Заев реши истите да ги увезе од Србија доделувајќи им, и тоа по итна постапка, Македонско државјанство за да ги постави како свои советници во Владата

 

По мешетарот Александар Обрадовиќ, кој е поставен на позиција советник за енергетика на Зоран Заев, а има за цел заедно со Кочо Анѓушев да изготви план за приватизација на ЕЛЕМ, со што во неповрат ќе се продадат на приватни инвеститори водните и рудни богатства на Македонија, Зоран Башановиќ, естраден менаџер од Србија, пијаница и клептоман кој крадел ќебиња во Флорида, стана советник на Заев. Што ќе го советува, сеуште не е јасно.

Српските медиуми вчера ја информираа јавноста дека Зоран Башановиќ, новиот советник на Зоран Заев бил клептоман, имајќи во предвид дека додека се наоѓал во добра финансиска состојба, крадел ќебиња во продавница во САД, каде што бил и фатен од полицијата, уапсен и казнет.

Тие ги објавија и полициските записници.

И не само тоа. Советникот на Заев, Зоран Башановиќ во Србија  е познат и како мешетар и измамник, кој измамил голем број на естрадни уметници, но и како љубител на алхохолот и развратот.

Тука можете да го видите во една емисија на српска телевизија, под сериозно дејство на алхохол како пее во живо.

https://www.youtube.com/watch?v=-wx-G2atco0&feature=share