дома Локално (Видео)ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА ВО КИСЕЛА ВОДА: Скали ли се? Водопад ли е? Поплава...

(Видео)ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА ВО КИСЕЛА ВОДА: Скали ли се? Водопад ли е? Поплава во Кисела Вода по вчерашното невреме

Скалите во населбата Бирарија во општина Кисела Вода по вчерашните обилни врнежи на дожд се претворија во вистински скалести водопади, а општината ја доби својата атракција налик природното чудо, Плитвичките Езера.

Поради неажурноста на општинските служби и градоначалникот Филип Темелковски, во повеќе наврати граѓаните ни испраќаа слики од огромното количество на смет кое се наоѓа по улиците ширум општината. Контејнерите се преполни, а граѓаните немајќи каде да го фрлаат ѓубрето го фрлаат околу контејнерите.

Сите овие околности и нерасчистениот смет доведоа до запушување на атмосферската канализација која се преполни по обилните врнежи на дожд. Општината не навреме се справи и со запушената атмосферска канализација, по што во Кисела Вода се случи вистинска мини поплава.