дома Актуелно (Видео)Пожар кој и се заканува на цела Малешевија, ексклузивна репортажа од Бударинци...

(Видео)Пожар кој и се заканува на цела Малешевија, ексклузивна репортажа од Бударинци со Стојанче Ангелов

Во доцните вечерни часови екипата на Инфомакс е во малешевијата каде и натаму се активни неколку шумски пожари.

Во близина на Берово, над селото Бударинци гори борова шума, но за среќа во моментов огненаната стихија не претставува опасност за локалното население и селото поради навремената реакција на противпожарните служби.

Во моментов на терен е армијата, противпожарните служби, но и локални доброволци кои имаат направено безбедносен обрач околу селото и се на готовост доколку пожарот го промени правецот на движење.

На терен е и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојачне Ангелов кој будно ја следи состојбата во малешевијата каде во моментов е најкритична состојбата со пожарите.

Тој истакна дека во текот на денот пожарот кај Бударинци го гаснеле три хеликоптери, а во текот на утрешниот ден се очекува да пристигне и авион од Романија со голем капацитет на носивост на вода кој ќе помогне во бробата со огнената стихија во регионот.

Причините за тукашниот пожарот сега за сега се непознати, но Ангелов истакнува дека најчест причинител е човекот.

Во однос на подготвеноста на службите да одговорат на кризата тој истакна дека надлежните прават се за да се справат со огнената стихија иако се соочуваат со недостаток на опрема и непристапен терен.

Тој вечерва ја расчисти и најголемата дилема, фактот дека канадерите кои веќе две години не се во функција, а реално можеа да ја промената состојбата во борбата со пожарите не се во надлежност на Центарот за управување со кризи туку под надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување.

Погледнете го целто интервју.