дома Македонија (видео)ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА ГРУЕВСКИ: Тропаа на вратата но никој не им отвори

(видео)ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА ГРУЕВСКИ: Тропаа на вратата но никој не им отвори

Радио Слободна Европа објави видео од пред домот на бившиот премиер Никола Груевски кој требаше да се јави во затворот во Шутка на отслужување на две годишната казна затвор на која беше осуден за случајот “Тенк”. Бидејќи Груевски беше недостапен за судските власти, по налог на Кривичниот суд, МВР издаде потерница, стои во описот на видеото кое го објави Радио Слободна Европа.