дома Локално (Видео)ПОПЛАВЕН ПАТОТ КАВАДАРЦИ – НЕГОТИНО: Силното невреме откорнало дрвја, патот поплавен!

(Видео)ПОПЛАВЕН ПАТОТ КАВАДАРЦИ – НЕГОТИНО: Силното невреме откорнало дрвја, патот поплавен!

Невреме проследено со силен пороен дожд зафати дел од Тиквешијата денеска попладне. Наши гледачи јавуваат дека силен пороен дожд околу 18 часот го поплавил патот Кавадарци-Неготино. Земјата од околните лозови насади била донесена на патот, а имало искорнато и дрво, поради што сообраќајот се одвивал по една коловозна лента – пренесе локалната телевизија КТВ.

Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи и во текот на ноќта и во утре претпладне. A.Д