April 24, 2024, 10:48 am

(Видео)ПОТВРДЕНО ОД АЛБАНИЈА: Тиранската платформа е масло на Еди Рама, нарачана од Сорос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на партијата Црвено-црна Алијанса од Албанија,  Крешник Спахиу  потврди дека Тиранската платформа е масло на албанскиот премиер Еди Рама и како што вели, тој станува дел за начинот на кој треба да се формира македонската Влада, држејќи тотално страна на линијата на Сорос.

sahiu-640x320

Tој во емисијата „Ora e intervistes“ на телевизијата Ора њус, која е лидер на пазарот на медиуми во Албанија вели дека се знае оти Заев е финансиран на директен начин од Сорос, па дури и дека прислушуваните разговори се финансирани од Сорос.

-Албанскиот Премиер и Тирана изиграа многу погрешно, изиграа погрешно затоа што ситуацијата во Македонија е многу чувствителна, многу кршлива, многу нестабилна и во одреден момент албанскиот Премиер станува дел, станува едностран дел за начинот на кој треба да се формира Влада држејќи тотално страна на линијата на Сорос. Затоа што се знае дека Заев е финансиран на директен начин се знае дури и дека прислушуваните телефонски разговори беа финансирани од Сорос и сигурно дека му се даде причина на претседателот Иванов да не го даде мандатот и да ја обвини Тирана за мешање во внатрешните работи и дестабилизација на Македонија, истакна Спахиу.

Тој е сегашен лидер и основач партијата Црвено-црна Алијанса, а во минатото бил Претседател на Транспаренси интернационал – Албанија во периодот од 2006 – 2007 година, како и Претседател на Врховниот суд на Албанија во периодот од 2007 – 20012 година.

По идеологија, Спахиу е националист, кој честопати е обвинуван дека е ултранационалист. Во 2013 година тој поднел барање до Централната Избирачка Комисија на Албанија за распишување на референдум за спојување на Албанија и Косово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This