дома Спорт (Видео)ПРЕКИНАТО ГОЛЕМОТО ДЕРБИ:Претсеателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол

(Видео)ПРЕКИНАТО ГОЛЕМОТО ДЕРБИ:Претсеателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол

Дерби натпреварот на 25. коло во грчката Суперлига се играше во Солун, каде ПАОК го пречека АЕК.

Натпреварот не го дочека својот крај поради немилите сцени во финишот на натпреварот, кога на ПАОК му беше поништен регуларен гол за 1:0 со кој ќе дојдеше до важна победа во борбата за титулата.

Следуваше тотален хаос. Играчите и навивачите на ПАОК протестираа, а потоа се случи и една неверојатна сцена.

На теренот се појави претседателот на ПАОК Иван Савидис кој ги загуби трпението, а сите останаа во неверување кога се виде дека првиот човек на клубот од Солун на појасот има пиштол.

Натпреварот е прекинат и останува да се види конечниот епилог.