дома Свет (Видео)Претседателски кандидат во Бразил избоден со нож

(Видео)Претседателски кандидат во Бразил избоден со нож

Хаир Болсонаро, водечкиот претседателски кандидат во Бразил, вчера беше избоден со нож за време на конвенција. Неговиот син соопшти дека раната не е опасна по живот.

Бројните снимки на социјалните мрежи прикажуваат како Болсонаро, чија изборна програма опфаќа и намалување на стапката на криминал во најбројната јужноамериканска држава, е прободен во долниот дел на стомакот.

https://twitter.com/franciscomacsoa/status/1037795444607385600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1037795444607385600%7Ctwcon%5Elogo&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F957159

Полицискиот портпарол Флавио Сантијаго потврди за Асошиејтед прес дека Болсонаро бил прободен и дека напаѓачот е фатен. Тој додаде дека Болсонаро е во болница и дека е во добра состојба.

Болсонаро, поранешен воен офицер, е прв според популарноста во анкетите, пред поранешниот левичарски претседател Луис Инасија да Силва, кој е во затвор, но во тек е жалбена постапка. Инаку, Болсонаро со носталгија зборува за периодот на воената диктатура од 1964 до 1985 и ветува дека владата ќе ја наполни со сегашни и поранешни воени лидери.