дома Македонија (Видео)ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ И ВО НЕДЕЛА: „Во недела повторно протестираме за Македонија и...

(Видео)ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ И ВО НЕДЕЛА: „Во недела повторно протестираме за Македонија и за нашите браќа и сестри!“

Глобалната граѓанска иницијатива ‘’Ние сме Македонија’’, која ја сочинуваат голем број организации од македонските заедници во САД, Канада, Европа и Австралија, организира семакедонски протест, на 03 и 04 март 2018 година. Протестите се организираат во одбрана на нашето право на самоопределување и заштита на македонскиот идентитет. Истите ќе бидат отганизирани во Вашингтон, Франкфурт, Малме, Хаг, Лондон, Прага, во Австралија(Перт, Бризбејн, Сиднеј, Мелбурн и Окланд), и во Италија, Словенија и Малта.

Македонци ајде да ги подржеме нашите браќа и сестри од дијаспората и да излеземе во недела во 13 часот на плоштад ‘’Македонија’’ во Скопје – стои во повикот на организациите.

Тие објавија и промотивен спот за протестот.