дома Македонија (Видео)ПРОТЕСТИ ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА: Граѓаните протестираа пред експозитурата на „Еуромакс“, поради...

(Видео)ПРОТЕСТИ ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА: Граѓаните протестираа пред експозитурата на „Еуромакс“, поради отварањето на „рудниците на смртта“

Граѓаните денеска го изразија своето незадоволство од неоствареното предизборно ветување на Зоран Заев дека ќе стави стоп на изградбата на рудниците на смртта. Граѓаните протестираа против изградбата на рудникот во Иловица во струмичкиот регион, незадоволни од непочитувањето на нивната волја.

 

На протестот претходеше панел дискусијата во домот на АРМ во Струмица, каде лично премиерот Заев речиси четири часа ги убедуваше граѓаните и активистите дека рудникот нема да нанесе штета на здравјето на граѓаните. Меѓу присутните на средбата присуствуваше претставници на компанијата носител на проектот, „Еуромакс“, како и други засегнати страни.

Од еко организацијата Здрава Котлина од Струмица по средбата истакнаа, „Ние не учествуваме во никакво мониторинг тело за следење на работата на рудникот, бидејќи не прифаќаме рудник да се отвори!“. Тие велат дека во соопштението на владата недостасуваат аргументите од експерти кои долги години работат на ова поле, чии сведочења идат во прилог на тврдењата на граѓанските организации.