дома Актуелно (Видео)ПУКАЊЕ ВО КИЧЕВО: Престрелка во непосредна близина на судот и полициската станица...

(Видео)ПУКАЊЕ ВО КИЧЕВО: Престрелка во непосредна близина на судот и полициската станица во Кичево!

На булеварот “Ослободување” во центарот на Кичево, попладнево околу 18:40 часот две вооружени лица пукале со огнено оружје кон други две лица, дознава ТВ Нова.

Полицијата излегла веднаш на лице место, бидејќи настанот се случил на само 100 метри од станицата, во близина на Судот.

Брзата помош пристигнала пет минути после пукањето, а еден од застреланите веќе е пренесен во кичевската болница со такси возило.

Полицијата го обезбеди местото на настанот и во моментов врши увид.