дома Арсенал (Видео)РАКЕТА СО 800 КИЛОТОНИ МОЌНОСТ ТЕСТИРАНА ВО РУСИЈА: Топол-М прелета речиси 11.000...

(Видео)РАКЕТА СО 800 КИЛОТОНИ МОЌНОСТ ТЕСТИРАНА ВО РУСИЈА: Топол-М прелета речиси 11.000 километри на тестот во Русија!

Интерконтиненталниот балистички проектил, Топол-М беше лансиран од лансирната рампа Плесетск, по што прелета преку целата територија на Русија и успешно погоди мета над Камчатка, соопштуваат од Руското министерство за одбрана

„Целта на лансирањето беше да се потврди стабилноста на летот и техничките перформанс за вако вид на интерконтинентални балистички ракети“, се вели во изјава публикувана од страна на министерството.

„Тренинг боевата глава ја погоди хипотетичката цел со голема прецизност на Камчатка“, се додава во соопштението.

Снимка од лансирањето и експлозијата ги потврдува информациите во соопштението од Министерството за одбрана.

Рускиот Топол-М балистички интерконтинентален проектил, исто така познат како РТ-2ПМ2 или СС-27 „Сикл Б“ е еден од најновите проектили од ваков вид активиран од Русија. Има вкупен дострел од 11.000 километри. Топол-М носи една боеа глава со моќност од 800 килотни, но исто така има можност да носи повеќе бомби одеднаш.

Според главниот дизајнер Јури Соломонов, Топол-М има можност да носи до шест боеви глави заедно со мамки.