дома Актуелно (Видео)Рано изутрината зaвpши yвидoт на лицe место по yбиcтвoтo во населбата Бутел

(Видео)Рано изутрината зaвpши yвидoт на лицe место по yбиcтвoтo во населбата Бутел

Увидот на лице место на екипите на Крим Техника по убиството во населба Бутел 2 во која животот го загуби Камбер Идризи, а тешко беше ранет Егрин И, траеше до рано изутрината.

Напаѓачите пукале со автоматски пушки, а жртвите се здобиле со повеќе прострелни рани во пределот на главата, градите и нозете.

По престрелката, поголема група пријатели и роднинни на нападнатите, околу 100 лица, упаднаа на Ургентниот центар по што асиситираше полицијата со екипи на ЕБР и АРМ која учествува во обезбедувањето на ковид центрите.

Идризи беше познат на полицијата, а бил советник на градоначалникот на Бутел Велибор Смилевски и пријател на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.