дома Спорт (Видео)РУСКА „СИСТЕМА“: Најдобрата борбена вештина која го освојува светот!

(Видео)РУСКА „СИСТЕМА“: Најдобрата борбена вештина која го освојува светот!

Систем РОСС (Руски Систем за самоодбрана), често именуван како „Система“ е боречка вештина која потекнува од ССР и за прв пат во светот била презентирана на почетокот на новиот миленум од екс-војници на Руската армија.

Иако Система е класифицирана како борбена вештина, има многу повеќе од само способност за физичка одбрана, вели тренерот Димитри Мемедов. Луѓето кои вежбаат „Система“ велат дека централна точка на оваа вештина е себеспознавањето.
„Тоа е комбинација на техники, знаење и разбирање на тоа што може да биде корисно во самоодбраната и во секојдневниот живот. Тоа е интегрален систем“, потенцира Мемедов.

„Причината не е да се победи на натпревар или да се уништи непријателот, туку да се изгради личноста. Предизвикот и причината за оваа борбена вештина е да се спознаете себеси и да се надминете“, додава тренерот.