дома Актуелно (Видео)Сашо Мијалков оди во затвopcки притвop

(Видео)Сашо Мијалков оди во затвopcки притвop

По објавувањето на пресудата, обвинителството побара за осудениот Сашо Мијалков мерката куќен притвор да биде заменета со мерката ефективен притвор со образложение Мијалков има дозвола за престој и престојувалиште во Прага, но и дека се работи за човек кој е добро ситуиран со приватни бизниси, што му овозможува да организира логистика и може да живее во бегство сосема комотно.

Судот го уважи барањето на обвинителството и го укина куќниот притвор и одреди мерка притвор во КПУ во траење од 60 дена во КПУ затвор Скопје.

„Против обвинетиот е поднесен обвинителен предлог, па согласно предвидено е по објавување на пресудата, притворот да трае најмногу 60 дена. Мијалков да биде примен во затвор КПУ Скопје. Веднаш да го земат Мијалков од адресата каде што му е одредена мерката куќен притвор, и да се однесе во притвор“, истакна судијката.