дома Социјални Мрежи (Видео)СЕ БРИШЕ ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ: Македонија со таен договор се збогува од...

(Видео)СЕ БРИШЕ ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ: Македонија со таен договор се збогува од асномскиот и илинденскиот карактер на државата!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата Јади Бурек детално ја опиша штетата која договорот со Грција ќе и ја нанесе на државата.

Тој тогаш истакна дека со како што вели капитулантскиот договор кој Заев го потпиша со Грција ќе се менува преамбулата на Уставот. Николоски објасни дека во преамбулата Македонија се повикува на својот континуитет од Илинденското востание и АСНОМ. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека веројатно постои некој таен договор со Грција во кој се предвидува бришење на АСНОМСКИОТ и Илинденскиот карактер на државата.

-Ќе се смени преамбулата која што ја дефинира државноста на Република Македонија и што е најтрагично, никаде во договорот не пишува како. Значи веројатно има таен договор за тоа како ќе се смени преамбулата која што ќе е бонус изненадување кога ќе ја менуваат. Во преамбулата се повикуваме на историскиот континуитет на македонската држава, почнувајќи од Илинденското востание, одлуките од АСНОМ итн, вели Николоски.