Се уште е активен пожарот на скопска Црна Гора кој избувна попладнево над селата Мојанце, Страчинци и Раштак. Во текот на денот во борбата против пламените јазици беа вклучени и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување
Огнот кој се запали околу 15 часот на Скопска Црна Гора, над селото Страчинци, се уште гори и се шири во правец на селото Мојанце.
Како што информира Командантот на противпожарната бригада од Скопје, до 19:00 часот пожарот бил гасен со поддршка на авионите на ДЗС и локалното население кое помагало до околу 16:00 часот кога почнале да делуваат авионите и потоа се повлекло.
Помош добиле и од просторнста заштита на општина Гази Баба.
Во моментот на терен се 15 пожарникари со пет возила, информира командантот на ППЕ Скопје Владимир Симоновски за „Инфомакс“.