дома Балкан (Видео)СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО АНКАРА: Хаос во Анкара откако силна експлозија го потресе...

(Видео)СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО АНКАРА: Хаос во Анкара откако силна експлозија го потресе градот!

Најмалку една голема експлозија се случила вечерва во главниот град на Турција, Анкара по што сите згради во радиус од еден километар се оштетени од експлозијата

Очевидци тврдат дека слушнале барем една експлозија која дошла од регионот Чукумбар. Од фотографиите направени од лице место се гледа чад кој се издига над местото на експлозијата.

Итната помош веднаш пристигнала на лице место, а засега нема пријавено повредени.

Гувернерот на граот Ерџан Топаџа изјавил дека експлозијата се случила во седиштето на даночната управа.

Како што вели, зградата била празна а истрагата веќе е во тек.

„Експлозијата се случила во бојлерската соба во даночната канцеларија во Чукурамбар“ – вели гувернерот.

Додава и дека зградата била празна, а во тек е истрага за причините за експлозијата.

„Зградата е празна, а полицијата истражува“ – изјавил гуернерот.

Турција беше погодена од неколку терористички напади во последната година, како и еден неуспешен пуч во 2016.