дома Политика (Видео)СИТЕ АЛБАНСКИ МЕДИУМИ ГО ПРЕНЕСОА ОВОЈ ГОВОР: Влатко Ѓорчев со говор за...

(Видео)СИТЕ АЛБАНСКИ МЕДИУМИ ГО ПРЕНЕСОА ОВОЈ ГОВОР: Влатко Ѓорчев со говор за Албанците чии очекувања ги разочара СДСМ!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на седницата за пратенички прашања, одржана во четвртокот, упати прашање до премиерот Зоран Заев: Што конкретно како дело и проект има направено за Албанците, а неговиот говор го пренесоа 22 албански медиуми, пренесе Лидер.

– Господине Заев, Албанците исто како и Македонците и сите останати во Република Македонија, ниту се задоволни, туку се разочарани и излажани од лажните ветувања кои што им ги дававте во предизборието. Господине Заев, имате ситуација каде што и Албанците и Македонците се иселуваат како никогаш, никогаш досега. Погледнете ги паралелките во тетовско и во гостиварско, намалени се од 35 ученици на 12-13 ученици. Господине Заев не набројавте ниту еден проект кој што сте го направиле ниту за Албанците, ниту за Македонците – му порача Ѓорчев на премиерот од собраниската говорница.