дома Актуелно (Видео)СКАНДАЛ И НАСИЛСТВО ВО СОБРАНИЕТО: Талат Џафери со обезбедување се обиде да...

(Видео)СКАНДАЛ И НАСИЛСТВО ВО СОБРАНИЕТО: Талат Џафери со обезбедување се обиде да го исфрли Владимир Ѓорчев од говорница!

Собранието денес докажа дека под водство на СДС и албанската коалиција нема демократски капацитет, ниту има намера да ги почитува загарантираните права за слобода на говор, притоа обидувајќи се да наметне деспотска дисциплина врз неистомислениците на парламентарното мнозинство

На денешната седница, пратеникот Талат Џафери кој нелегитимно претседава со Собранието се обиде насила да го исфрли пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев од собраниската говорница со обезбедување, откако претходно му го исклучи микрофонот.

Притоа, Џафери спротивно на деловникот за работа на Собранието, Уставот и законските одредби се обраќаше кон Ѓорчев на албански јазик.

Демократијата, со која им беа полни устите и на „шарените“, но и на СДС и нивните странски покровители денес беше погребана.