дома Македонија (Видео)СНИМКИ ОД БЛОКАДАТА НА ГРАНИЦАТА: Повеќе организации под мотото „Македонија блокира“ го...

(Видео)СНИМКИ ОД БЛОКАДАТА НА ГРАНИЦАТА: Повеќе организации под мотото „Македонија блокира“ го блокираа ГП „Богородица“

Преку 84 организации обединети под мотото „Македонија Блокира“ вечерва ја блокираа границата со Грција кај граничниот премин „Богородица“ откако претходно со автомобили го „блокираа“ автопатот Е-75 кој го поврзува југот со северот на Македонија


На границата беа присутни неколку десетици возила, и стотина луѓе, кои одржаа говори на кои повикаа на масовно блокирање на граничните премини низ дражвата, но и блокада на целиот државен апарат на секој можен начин – од граѓанска непослушност до блокада на Собранието.

Присутните на блокадата од повеќе организации, порачаа дека се дојдени од тука да се слушне нивниот глас и дека ќе ја продолжат бит ката пред Собранието на РМ, дека ќе ги посетуваат домовите на пратениците и оти од овој момент, како што рекоа, почнува семакедонскиот от пор кој ќе трае до заминување на оваа Влада.

Набрзо по блокадата, демонстрантите се повлекоа, а граничниот премин функционира нормално.