дома Балкан (Видео)СНИМКИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Паника кај граѓаните кои бегаа избезумени!

(Видео)СНИМКИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Паника кај граѓаните кои бегаа избезумени!

Силен земјотрес со јачина од 5.1 степени по Рихтер денес ја потресе Црна Гора во 11 часот и 45 минути, а потресот беше почувствуван дури до Скопје. Земјотресот траел неколку секунди, а потоа следеле осум помали земјотреси од кој најсилниот бил 3.4 степени по Рихтер, а најслабиот 1.9 степени

Според извештајот на Секторот за сеизмологија на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора, епицентарот на земјотресот бил на седум километри од Плава на планиата Виситор, и тоа на длабочина од пет километри. Како што се соопштува од сеизмичкиот Завод, „овој земјотрес би можел да предизвика извесни материјални штети во епицентралното подрачје“.

Црногорските медиуми објавија снимки од потресот.

https://www.youtube.com/watch?v=T5W9y3aQd-E

https://www.youtube.com/watch?v=5XAXLs6aBDw