дома Свет (Видео)СОБОРЕН СИРИСКИ АВИОН: Терористите во Сирија собориле сириски СУ-24

(Видео)СОБОРЕН СИРИСКИ АВИОН: Терористите во Сирија собориле сириски СУ-24

Терористите од групацијата Џејш Тахрир ел Шам во Источна Каламуна соборија сириски авион СУ-24, а сеуште не е познато дали екипажот успеал да се спаси, пренесуваат сириските медиуми

На снимката која ја објави „Директорат 4“, кој ги прати активностите на терористите, се гледа дека авионот брзо ја губи висината и позади себе остава густ чад.

На крајот на снимката може да се види како терористите победонсно поздравуваат.

Сириските медиуми објаснуваат дека авионот паднал на територија која ја контролира сириската војска, со што во случај на катапултирање на пилотите, постои голема можност да останле неповредени.

Некои медиуми наведуваат дека авионот е соборен со ракета лансирана од копнен ракетен систем, иако не е прецизирано за кој модел станува збор.

Медиумите оценуваат дека ова е знак дека терористите повторно влегле во офанзива на позициите на сириските сили во тој дел на земјата.