дома Религија (Видео)СО ВЕРБА ВО БОГА: Погледнете како Путин се поклони пред моштите на...

(Видео)СО ВЕРБА ВО БОГА: Погледнете како Путин се поклони пред моштите на Св.Никола Чудотворец

Како и што можеше да се очекува, Владимир Путин во московскиот Храм на Христос Спасителот се поклони пред моштите на Свети Никола Чудотворец

Путин влезе во централниот храм на Руската православна црква заедно со служителите и запали свеќа. Потоа се сврте кон ковчегот со непробојно стакло во кое се наоѓаат моштите на светителот и му пријде.

Го целиваше ковчегот – на симболичен начин целивајќи ги и моштите. Во продолжение го потпре челото на ковчегот и се задржа во таа положба.

Претходно рускиот лидер се сретна со Коптскиот патријарх Тавадросом Втори и донесувањето на моштите на Николај Чудотворец во Русија го нарече „големо случување за православните верници“.