дома Македонија (Видео)СПЕЦИЈАЛЦИТЕ СПАСУВАА БРОД: Вежба на полициските специјалци во Охрид, откри дел од...

(Видео)СПЕЦИЈАЛЦИТЕ СПАСУВАА БРОД: Вежба на полициските специјалци во Охрид, откри дел од можностите на безбедносните сили

На пристаништето во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица, во склоп на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција ѝ презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро.

Припадниците на МВР изведоа тактичко – показна вежба со напад на пловен објект заради совладување и лишување од слобода на опасни лица.

„Денеска имавме огромна чест овде во Охрид да зведеме една тактичко показна вежба во која ги покажаа своите капацитети Единицата за специјални задачи, Хеликоптерската единица и Езерската полиција и навистина беше прекрасно чувството да се видат сите можности на македонските полицајци, пред сè на специјалните единици и со тоа да покажеме дека сме подготвени да одговoриме на каков било предизвик“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во склоп на одбележувањето на Денот на полицијата, утре на градскиот стадион во Штип припадниците на МВР ќе ги презентираат своите можности преку низа показни вежби.