дома Балкан (Видео)СРПСКИ АВИОНИ ЛЕТАЛЕ НАД КОСОВО:Косоварите се исплашија

(Видео)СРПСКИ АВИОНИ ЛЕТАЛЕ НАД КОСОВО:Косоварите се исплашија

Претседателот на општина Прешево – Шќиприм Арифи, вели дека српски авиони го прелетале воздушниот простор на границата меѓу Косово и Србија, пренесува Lajmi.net.

Прелетувањето на авионите на војската на Србија предизвикале загриженост меѓу тамошното население, пишуваат албанските медиуми. Арифи ги повикал граѓаните „да се воздржат од провокации“. Албанските портали објавија и снимки од авионите, кои над Прешево летале 20-тина минути. Според неофицијални информации, се работи за 4 борбени авиони кои надлетувале во близина на административниот премин со Косово.

Српски воени авиони денеска летаа над југот на Србија во рамки на редовните летечки активности, изјави портпаролот на министерството за одбрана на Србија, Јован Кривокапиќ. Како што кажа тој се работи за припреми за тактичка вежба „Садејство 2018“