дома Македонија (Видео)СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИ ВО ШТИП: Студентите во Штип утре ќе протестираат против промена...

(Видео)СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИ ВО ШТИП: Студентите во Штип утре ќе протестираат против промена на името и двојазичноста!

Студентите од Штип повикаа на масовен протест во градот кој треба да се одржи утре. Како што најавија во нивното промотивно видео објавено на социјалните мрежи, протестот ќе започне на градскот плоштад

 

„114 години од херојската смрт на Гоце Делчев и 11 години живот на неговите беспрекорни идеали пренесувани преку образовното предание на нашите професори. Ние, студентите, интелектуалниот столб на нашето општество и иднината на оваа држава, им го честитаме патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ со јасна порака за сплотеност на студентското тело и универзитетскиот кадар, во заедничката борба за достоинствена иднина и одбрана на нашиот идентитет и држава.

Ве очекуваме сите на 30.03 во 18 часот (плоштад Слобода, Штип) !“ – стои во пораката на студентите од Штип.