дома Свет (Видео)СУДИР НА ВОЗОВИ ВО САД: Најмалку двајца загинати и преу 70 повредени!

(Видео)СУДИР НА ВОЗОВИ ВО САД: Најмалку двајца загинати и преу 70 повредени!

Патнички воз се судри со теретен воз во американската сојузна држава Јужна Каролина рано изутрината по локално време, при што најмалку две лица загинале, а уште најмалку 70 лица се повредени, пренесува Еј-Би-Си, додека Си-Ен-Ен наведува дека истекле и 19 тони гориво

Властите во округот Лексингтон соопштуваат дека загинатите луѓе биле во патничкиот воз.

Железничката компанија „Амтрак“ соопштува дека возот кој се обраќање од Њујорк кон Мајами дошол во контакт со теретниот воз на превозничката компанија „Се-Ес-Икс“ кај местото Кејс во Јужна Каролина.

Портпаролот на медицинскиот центар „Лексингтон“ во Колубија за Еј-Би-Си изјавил дека примиле 25 патници со помали повреди, како и дека Здравствениот центар „Палмето“ исто така примил пациенти, но не се знае ништо за нивниот број и повреди.

Се наведува дека е проценето дека по судирот истекле околу 5.000 галони (околу 19 тони) гориво, но властите тврдат дека „во овој момент нема опасност по околината“.